речник контакт

Две сообраќајки попладнево, со тројца повредени

Едната е случена на ул. Димитар Влахов а втората кај Лозово

Петар Печков

Две сообраќајки попладнево, во кој три лица се повредени, е информацијата од Итната помош од Велес.  Првата се случила околу 14,30 ч. во судир на мотор и автомобил на улица Димитар Влахов.

„Повредено е лице родено 2000-та година, со отворена повреда  на рака и на глава. Укажана здравствена помош, згрижен на лице место и испатен во Болница“ - кажа д-р Василка Пановска началник на Итната помош.  

Заради утврдување на тежината на повредите повредениот моторџија е испратен нa снимање во Клиниките во Скопје.

Втората сообраќајка се случила околу 17 ч. близу Лозово, кога автомобил излетал од магистралниот пат  Велес -Штип.

„Повреден е возачот маж роден 1954-та со видливи отворени повреди на глава  и жена родена 1960-та, која била силно вознемирана. И двете лица укажана им е здравствена помош и се префрлени на хирургија а во моментот на транспорт биле во добра општа состојба“ - рече д-р Пановска.

За деталите од двете сообраќајки, повеќе утре по информацијата од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »