речник контакт

Две сообраќајки со едно тешко повредено лице

Во втората сообраќајка, на излезот од Чашка, двата автомобили се доста оштетени

Петар Печков

СВР Велес информираше за две сообраќајки, кои се случија во текот на вчерашниот ден,  среда, двата автомобили се доста оштетени

На ден 07.03.2018 год. околу 23.30 часoт на регионалниот пат Градско - Велес поточно во близина на фабриката „ХИВ“ патнички автомобил марка „Фиат Типо“ со неготински регистарски броеви управувано од С.П.(42) од Неготино изгубил контрола над возилото излегол надвор од коловозот од левата страна и удрил во дрвја кои се наоѓаат надвор од коловозот, при што, се здобил со Тешки телесни повреди, по укажаната медицинска помош во Општата болница во Велес  е пренесен во Ургентен центар во Скопје.

На ден 07.03.2018г. oколу 10.00 часот на регионалниот пат нас.Чашка – Велес, на излезот од нас.Чашка се случи сообраќајна незгода во која учесници се патнички автомобил марка „Даеву-Нубира“ со велешки регистарски броеви управуван од Д.Д.(38) од Велес и патнички автомобил марка „Застава 101“ со велешки регистарски броеви управуван од Љ.К.(61) од Велес. До незгодата е дојдено поради недржење страна на движење и на двете возила е причинета значителна материјална штета.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »