речник контакт

Две сообраќајки со петмина повредени

Во едната се судриле трактор и ауди, во втората српски туристи излетале од автопат

Петар Печков

МВР информираше за две сообраќајки кои се случија вчера доцна  попладне и денес рано наутро. 

Средата попладне  во 19.00 часот на локалниот пат Велес – село Бузалково, на место викано „Блокови“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Бузалково и трактор „ИМТ-539“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Џ.(56) од Бузалково - информираше МВР. Во велешката болница биле донесени три лица и според портпаролот Марина Андова по извршените испитувања, деветгодишната З.Џ. и Б.Н. биле пуштени дома, додека поради повреди на главата Ш.Џ. е пренесен на клиниката за неврохирургија.  

Утрово  пак околу 5 часот на автопатот Скопје - Велес, пред исклучокот „Велес север“ возило ,,тојота корола,, со српски регистарски ознаки, управувано од Н.С.  излетало од патот. Повредени биле  возачот и сопатникот.- информираа од СВР Велес.

Во вадењето на патниците од уништениот автомоибл учестувале велешките пожарникари, кои и спречиле да се излее горивото од автомобилот во околината на местото.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес дополнија дека лицата Е.С. (58 год) и Н.С. (49 год) биле донесени на хирургија,и по извршената рендген дијагностика  и лабораториски испитувања се пуштени на домашно лекување.   

Увид на двете места извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за несреќите.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »