Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јуни 2020
СВР Велес информира за два инцидента кои се случиле викендов. Во првиот бил нападнат вработен во Дервен, во втората групна тепачка во месноста Ромска населба над Дервенски поток.
На 15-ти јуни во 2 часот во СВР Велес Ш.Ј.(39) од Велес пријавил дека околу 23.30 часот, додека извршувал работни задачи за ЈКП „Дервен“, на ул.„Максим Горки“, кај м.в.„Бричкова чешма“, бил физички нападнат од Д.Т.(30) - информираше Верољуб Додевски протпарол на СВР ВЕлес.
Неделата попладне на 14-ти јуни околу 19 часот на ул.„Маца Овчарова“ во Велес била пријавена физичка пресметка помеѓу М.Ш.(18) и М.Ш.(21), од една страна, и И.К.(18), Ш.А.(38), И.К.(62), Д.С.(37), А.С.(23) и А.З.(59), од друга страна, сите од Велес - соопшти Додевски.
По целосно документирање на двата случаи, ќе биде поднесена соодветна пријава против прекршителите.
Tweet |