речник контакт

Две фирми кои работат градежни работи во Велес, казнети оти не сработиле според предвидената динамика

Тоа се фирми од Битола и Скопје

Петар Печков

На забелешките од опозицијата,  дека локалната власт премногу толерантно се однесува кон градежните фирми, кои не ги изведуваат градежните работи според предвидената динамика, градоначалникот, објави  два примери за фирми кои биле казнети. И двете не се од Велес.

„Градежната фирма „Дон Хаус“ од Скопје достави гаранција за изградба на ул. „Димче Мирчев“ но не ја реализира и е ставена  на негативна листа на изведувачи. Таа сега не може да конкурира  на јавни набавки. Втората е битолската „Бауер БГ“  која е казнета со 5 отсто од инвестицијата, казната е колку што предвидува законот, затоа што премногу ја задоцни изградбата на првиот дел од покриениот Градски пазар. Ако беше до мене ќе ја казнев и многу повеќе, но толку е предвидено да биде казната “- кажа градоначалникот Марко Колев. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »