речник контакт

Двеста години од раѓањето на Чарлс Дикенс

На 7 февруари, се одбележа 200 годишнината од раѓањето на Чарлс Дикенс (1812-1870), еден од најзначајните британски писатели на 19 век и критичар на општествената неправда на викторијанската ера.

Петар Печков

 Чарлс Дикенс е роден во Лендпорт кај Портсмаут на 7 февруари во 1812 година. Бил второ од осумте деца на Џон Дикенс кој бил службеник во Министерството за морнарица.

Пресвртница во животот на Дикенс бил моментот кога како 12 годишно дете бил принуден да го прекине школувањето и да работи во фабрика за обувки бидејќи неговиот татко доспеал во должнички затвор. Тоа на него оставило длабока трага. Тука се запознал со сиромаштијата и станал најжесток гласноговорник на сиромашните на своето време.

Дикенс го продолжил школувањето кога татко му бил пуштен од затвор. По завршување на образованието се вработил во една адвокатска канцеларија, потоа во суд, а подоцна како новинар.

Во 1833 година почнал да пишува куси приказни и есеи за списанија. Негова прва книга е збирката раскази под името „Бозова цртичка“ објавена во 1836 година. Истата година се оженил со Кетрин Хогарт, ќерка на уредникот на Ивнинг кроникл, со која имал десет деца.

По успехот на „Пиквиковиот клуб“ Дикенс се посветил на пишувањето, создавајќи се подобри дела. Меѓу неговите најпознати дела се „Оливер Твист“, „Николас Никлби“, „Божикна приказна“, „Големите очекувања“ и „Дејвид Коперфилд“ роман кој содржи доста автобиографски елементи.

Во 1842 година ги посетил Соединетите Американски Држави и Канада, што доведе до неговите контроверзни „Американски белешки“. Умрел на 9 јуни во 1870 година. Бил погребан во одделот за писатели во Вестминстерската опатија, а натписот на неговата гробница гласи: „Сочувствуваше со сиромашните, напатените и обесправените“.

Со повеќе од 300 филмски и телевизиски адаптации снимени според мотивите на неговите дела, Дикенс може да се смета за најомилен писател во светот на кинематографијата. Оваа година во негова чест британскиот и американскиот филмски институт ќе приредат ретроспектива.

Меѓу најдобрите адаптации се сметаат филмовите на МГМ „Дејвид Коперфилд“ и „Приказна за два града“ кои се снимени во 1935 година.

За класици исто така се сметаат екранизациите на романите „Големи очекувања“ (1946) и „Оливер Твист“ (1948) на британскиот режисер Дејвид Лин, а меѓу најновите остварувања е и филмот „Оливер Твист“ (2005) на Роман Полански.

Додека во Британија уште минатата година почнале подготовки за големиот јубилеј во вид на трибини и фестивали на куси филмови на тема Дикенс, ретроспективи на филмовите снимени според негови романи и серии „Големите очекувања“, оваа година во подготовка се два филма според романите на Дикенс „Големите очекувања“ со Рејф Фајнс и Хелена Бонам Картер, „Твист“ за сега е со непозната поделба за улогите на глумците, како и серијата „Мистеријата на Едвин Друд“.

текстот е преземен од Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »