Петар Печков
Објавено: сабота, 10 јануари 2015
Секоја година се повисок и повисока рејтинг и посетеност на ТРМР. Бројките од статистиката покажуваат дека во 2014 година неа ја посетиле 198 илјади посетители кои прочитале 817 илјади вести или ТРМР лани имала читаност или прегледи од 1,635 милиони. Просечно еден посетител се задржувал на страницата 1 мин. и 32 сек. ТРМР е читан буквално на сите континенти, секаде каде има велешани.
Единствено нема покриеност од 100 отсто во Африка, таму има посетители од 13 држави, на сите останати континенти има посетители од секоја држава. Вклучувајќи го и Непал, Никарагва, Шри Ланка, Боливија, Северна Кореја? Разбирливо најмногу се од Македонија 88 отсто,а потоа следуваат: САД, Германија, Канада, Италија, Словенија, Шведска, Австралија, Австрија...
Лани 23 отсто од читателите се нови, за прв пат го отвораат ТРМР. Лани страницата доби и свој ФБ профил, каде освен дел од текстовите објавени на ТРМ има повеќе фотографии и најави на дневни настани.
Бидејќи има повеќе Ти реков ми рече, ова е ФБ профилот: https://www.facebook.com/trmrveles/info ТРМР оваа година бележи 10 години постоење. На сите Вас благодарност за довербата и што оваа страница е дел од Вашето информирање.
Tweet |