речник контакт

Двете основни училишта Џинот и Благој Кирков споени во едно, Панко Брашнаров

Спојување градоначалникот го објасни како реформа, чии постапки се тешки, болни и непопуларни, но неопходни и неизбежни и нагласи дека сите вработни ќе бидат згриженми

Петар Печков

Повеќе часовната расправа на велешките советници, донесе одлука со која двете општински основни училишта Јордан Хаџи Константинов Џинот и Благој Кирков да се спојат во еден нов правен субјект, основно училиште  кое ќе го носи името на Панко Брашнаров.

Одлуката беше донесена со мнозинство гласови, од 22 присутни, Бесим Ахмедов беше отсутен, 11 советника гласаа ,,за,, и 10 ,,против,,.  По ова претседавачот на Советот Душко Петров констатираше дека предлогот е усвоен.

До ваквиот епилог се дојде со доста дискусии и забелешки од страна на опозицијата, на кои одговори даваше градоначалникот Аце Коцевски, чиј предлог да се стави оваа точка на дневен ред по итна постапка, беше прифатена. Тој ова спојување го објасни како реформа, чии постапки се тешки, болни и непопуларни, но неопходни и неизбежни. 

Имаме сериозно намалување на ученици, во мрежа на училишта создадена во социјализмот, која е предимензионирана, нерационална и скапа. Споредено со состојбата со ученици од пред 10 години, во учебната 2007/8 година во двете училишта имало 983 ученици, десет години подоцна имало 675 или 308 ученика помалку или толку колку што брои ОУ Благој Кирков сега ученици. Иако бројот на ученици драстично паднал за третина, бројот на вработени останал ист.  Во ОУ  Џинот пред десет години имало просечно 20 деца во паралелка, сега има 16 а во ОУ Благој Кирков имало 22 а сега има 14,5 деца во паралелка. Свесен сум дека ќе бидам изложен на критики и реакции, без оглед дали и колку е популарна, но е визионерска , треба да се спроведе, треба да се гледа далеку во иднината - изјави Коцевски.  

Образложи дека името на новиот правен субјект е по Панко Брашнаров сведок на двата Илиндена, и учител по професија, кај велешани познат како ,,народниот учител,, и дека сите вработени ќе бидат згрижени. Процедурата била да бидат одјавени а следниот ден пријавени, немало да има никаков конкурс, како што одредени кругови тврделе.   

Коцевски  објасни и што откако Советот ја донесе одлуката. Таа веќе денес, четврток ќе биде објавена во Службен гласник, по што ќе биде предадена во Министерството за образование, заедно со Статутот на идното училиште, кој  веќе бил подготвен. Министерството формирало  работна група, која ќе го посети училиштето, дали има услови и централната власт има право да даде согласност или не. 

Двете подрачни училишта кои досега работеле во рамките на ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот не биле предмет на ова спојување. Тие остануваат подрачни училишта. 

Советничката Нада Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ го кажа нејзиниот став дека е против спојувањето, оти било премногу блиску до почетокот на учебната година.

Кога беше точна на дневен ред Иницијативата за спојување, Вие градоначалниче ни тврдевте дека својот став ќе го кажат сите структури, средби со граѓаните, вработените, родителите. Слушнав дека сте биле со сите, но ние не сме биле дел до тие дебати.    Ако оваа одлука се донесе, е избрзана. Каква рационализација ќе добиеме, кога нема да има заштеди, новото училиште ќе работи во две смени како и досега. Ќе се намали бројот на паралелки, како тогаш сите вработени ќе останат на работно место,  како што тврдите. Што ќе се случи со стручните служби од двете училишта - праша Трајкова.     

Коцевски информираше дека  спојувањето се одвива доцна а причината ја впери во Министерството, оти долго време чекале на потпис на согласноста. Таа била потпишана во петокот, минатата седмица.

Ги кажа и бројките на ученици во новото училиште. Во   I- 88 ученика со четири паралелки,    II - 90 ученика со четири паралелки,  III - 95 ученика со четири паралелки,  IV -62 ученика во три паралелки,   V -58 ученици во три паралелки,   VI  -59  во три паралелки,   VII -69 ученика во три паралелки,  VIII-  84 ученици во четири паралелки  и  IX -52 ученика во три паралелки. Поради малиот простор во училниците,  во сите паралелки ќе има помал број на ученици од минималниот  дозволен број. 

За советникот Александар Колев донесувањето на оваа одлука е непотребна и избрзана, иако градоначалникот Коцевски ја започнал уште пред 10 години.

На три работни дена пред почетокот на учебна година, носиме ваква одлука која и во најидеални услови би предизвикала вознемиреност, загриженост и на родителите, и кај кадарот и кај децата. Тие се приврзуваат за одреден учител, учителка и не знаат дали ќе продолжат со нив.  Бројот на ученици е ист, бројот на паралелки е ист, каде тогаш ќе биде заштедата. Затоа не можам да дадам поддршка на оваа одлука - рече Колев.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »