речник контакт

Дворец во Франција заклучен повеќе од сто години

Богатиот француски ерген Луис Мантин починал во 1905 година и оставил тестамент, во кој јасно наведува дека сака неговиот дворец сто години да биде запечатен, а потоа да се отвори за јавноста и да биде претворен во музеј, посветен на него и на неговиот начин на живот.

Петар Печков

Богатиот француски ерген Луис Мантин починал во 1905 година и оставил тестамент, во кој јасно наведува дека сака неговиот дворец сто години да биде запечатен, а потоа да се отвори за јавноста и да биде претворен во музеј, посветен на него и на неговиот џентлменски начин на живот.

Одлуката на Мантин ја почитувала дури и војската, кога поминувала низ местото Мулинис во централна Франција.

Мантин починал во 54-та година од животот, а своето богатство немал на кого да му го остави, бидејќи немал ниту сопруга, ниту деца. Својот раскошен дворец, кој е изграден на урнатините на на дворец од 15. век одлучил да го запечати и по сто години да им покаже на некои други генерации, како се живеело во неговото време.

Медиумите наведуваат дека Мантин едноставно бил опседнат со времето. Тој сакал неговиот дворец да биде временска капсула. Тој се погрижил во дворецот да се вгради се што тогаш било модерно со цел по сто години да им покаже на луѓето како се живеело во 1900-та година.

Својот живот Французинот го посветил на уметноста, историјата и археологијата, така што дворецот цел еден век криел вредни литературни дела, уметнички предмети и колекција од препрарирани животни.

По смртта на Мантин никој не водел грижа за неговиот дом, така што сто години дворецот го „одржувале“ стаорците и инсектите.

Но по повеќе од 100 години локалните власти одлучија да инвестираат околу 3,5 милиони евра во реконструкцијата на дворецот.

- Мантин бил опседнат минливоста на времето и смртта. Сакал неговата куќа да остане непроменета, да биде како временска капсула со цел идните генерации да знаат како живеел еден благородник на преминот во 20. век, изјави кустосот Мауд Лејудец.

Тој додаде дека куќата била полна со влага, бубачки и дека ѕидовите биле во многу лоша состојба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »