речник контакт

Девет нови случаи со ковид-19 и петмина оздравени во велешко

Денес, сабота во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се згрижени седум пациенти, исто колку и претходните два дена

Петар Печков

Дури девет   нови случаи со ковид-19 изминатите 24 часа во велешко, откако претходно дневно имаше по 2-3 , бројката за овој период осетно се зголеми.  Оздравени се пет пациенти   соопштија од Министерството за здравство. Со  ова бројките на активни случаи пораснаа на  21 лице. Починати од последиците на корона вирусот во велешко  нема.

Денес, сабота    во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се  згрижени  седум   пациенти, исто колку и    претходните два дена.  Hа Инфективно хоспитализирани  се двајца     а на Интерно се петмина   пациенти. Ново  примен е еден пациент а    испишани се двајца.

„Потврдено позитивен  и непотврден нема а сите   седум пациетни  се    негативни   но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се двајца   пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »