речник контакт

Девет ново заразени лица со ковид-19 во Велес, вчера и еден починат

Починатото лице, кое било позитивно на ковид-19, имало хронични болести

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко се регистрирани девет нови случаи на заразени со ковид-19. Вчера почина и еден пациент кој бил позитивен на ковид-19, но имал и хронични болести, информираа од Центарот за Јавно здравје Велес.

Еден од ново заразените е жител на Општина Чашка, со што бројката на лица од населбата кои се позитивни на ковид-19 се зголеми на четворица.

За три дена во Велес се регистрирани  16 случаи на корона вирус, а повеќето од нив се поврзани со текстилна конфекција, за која вработените реагираа иако имале симптоми,  дека биле приморувани да одат на работа се додека не ги добијат тестовите од земените брисеви. 

На инфективното одделение од велешката Болница згрижени се 21 пациенти, 20 се позитивни со ковид-19  а за еден од нив се чекаат резултати.  Во велешко има 53 активни случаи на корона вирус.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »