речник контакт

Деветмина возачи во неделата во Велес, управувале автомобил под дејство на алкохол

Пред седум дена имало помалку регистрирани возачи кои возеле под дејство на алкохол

Петар Печков

Неделата на пладне нова акциска контрола на сообраќајната полиција, дали возачите управуваат автомобил под дејство на алкохол.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес- девет прекршоци, во Кавадарци - 11 прекершоци и во Неготино - пет прекршоци.

За разлика од пред седум дена, кога имаше податоци колку возачи се контролирани и  колкумина биле под дејство на алкохол, во оваа информација нема таков податок. За потсетување тогаш за пет часа биле фатени осум лица  кои имале повисоки вредности на алкохол од дозволените.   

Нема ниту информација дали против прекршителите ќе има казни. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »