речник контакт

Деветнаесет лица даруваа крв во СВР Велес

Секоја година по два пата вработените во СВР Велес даруваат крв во вакви акции

Петар Печков

На крводарителската акција која денеска се одржа во просториите на СВР Велес се даруваа 19 крвни единици.  Крводарителските акции во СВР Велес се традиција и се одржуваат по две секоја година

„На овој начин вработените во полицијата уште еднаш ја докажаа нивната хуманост. На овој начин вработените во оваа институција даваат директен придонес за подобрување на состојбата со крвни единици ширум државата“ - кажа Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.

Освен нив организатори на акцијата беше и  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »