речник контакт

Деветта ликовна колонија ,,Папрадишки мајстори,,

Во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот во Велес дваесет и седум автори творат во рамките на деветтата ликовна колонија „Папрадишки мајстори 2013„

Петар Печков

Во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот  во Велес  дваесет и седум автори творат во рамките на деветтата ликовна колонија  „Папрадишки мајстори 2013,,.  Различни генерации, различни автори и техники, десетина дена ќе работат дела инспирирани од старата велешка архитектура, сместени во старото градско  јадро.   По четврти пат заред на оваа колонија е присутен српскиот автор Милан Бекоња од Крагуевац. Тој е копаничар.

Доаѓам овде повторно поради луѓето кои се во организацијата и се прекрасни домаќини. Доаѓам и поради амбиентот и условите за работа. Работев кога колонијата беше горе во селото Папрадиште и сега  кога е тука во  градот Велес. Има инспирација и натаму во мене, од овој крај, од луѓето, не е потрошена. Во селото природата не освојуваше, тука архитектурата - вели Бекоња кој е резбар, копаничар и вајар. 

Неговата девиза е ,,сите знаат се, а еден малку,, и затоа е постојано во муабет со  колегите учесниците копаничари, резбари. Годинава колонијата ,,Папрадишки мајстори,, за прв пат според организаторите е  комплетно ликовна.  Гостите доаѓаат од  Србија, Бугарија,  Русија, Хрватска и Македонија. Ако до лани беше сликарско- копничарска, од годинава во нејзиниот состав има скулптори и еден графичар.

Затоа раководителите Ангел   Коруновски сликар и Љубомир Бисинов  копаничар, од граѓанското здружение ,,Папрадишки мајстори,,  кое ја доби надлежноста од локалната власт за манифестацијата,   објаснуваат дека ова издание   ги собра сите профили ликовни уметници.  Во текот на работата куќите каде работат гостите се отворени за посетители, и тие можат да го следат процесот на работа. Соседите пак интензивно се дружат со авторите и нивните дворови се отворени за нив.

Импресиониран сум од  градот, амбиентот,архитектурата, погледот што го  имаме, стариот дел на градот каде сме сместени, колегите со кој работиме. Дрвото со кое работам ми дава симболика, поврзување со старите мајстори со резбарството и денешното модерно третирање на скулптурата.  Колониите се добра можност  за поврзување на уметниците, оти тие имаат река можност тоа да го комуницираат меѓу себе, да разменуваат мислења но и можност за претставување пред локалната публика и да се претставата со свои дела, во градот каде работат – изјави  Мишо Новевски скулптор од Македонски Брод, на времена работа во Белград Србија.

Тој работи женско торзо во дрво.  Шеснаесет уметници се во сликарско -скулпторскиот дел и тие престојуваат во куќата на  Касапови. Единаесет автори се  во копаничарско- разбарскиот  дел и тие работат во куќата на просветителот Џинот. Од  овие две куќи има прекрасен поглед кон реката Вардар, скалесто наредените велешки кучи и црквите Св. Спас и Св. Димитрија.

Сите дела создадени на колонијата  ќе бидат прикажани на велешката јавност на  изложба   на 9-ти Ноември на Денот на Општината. Таа е дел од Топлиот културен бран и финансиски е помогната од Општина  Велес и Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »