речник контакт

Девојка на 18 години пријавила дека маж ја допирал во тоалет од угостителски објект

Утрото маж, со исти иницијали и возраст како пријавениот за допирање на девојчето, пријавил дека во негово присуство му е оштетен автомобилот

Петар Печков

Девојка пријавила во полиција дека  возрасен маж ја допирал во тоалетот од угостителски објект. Пријавениот утрото  пријавил дека неговиот автомобил пред негови очи   бил оштетен.  Деталите од информациите на СВР Велес.

„На 20.05.2025 во 02.55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Ѓ.(61 год ) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во угостителски објект во Велес допирал 18-годишна велешанка“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол ан СВР Велес.

А.Ѓ. бил  приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во полицискиот билтен под истите иницијали, со иста возраст е забележан друг настан, случен неколку часа по пријавага за допирање на 18 годишно девојче.

„На 20.05.2025 во 06.00 часот во СВР Велес, А.Ѓ.(61 год) од Велес пријавил дека на улица „Оливер Китановски“ во Велес, неколку лица во негово присуство му го оштетиле неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВФР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »