речник контакт

Деградираните дрвја од јавните површини се делат на социјалните случаи

Има реакции од граѓаните за количините кои ги добиваат, од локалната власт објаснуваат се дели толку колку што има

Петар Печков

Деградираните дрвја кои се сечат од јавните површини во Велес, се делат на социјалните случаи. Има реакции од граѓани за количините кои ги добиваат. Од локалната власт велат дека треба да се задоволат потребите на повеќе граѓани, социјални случаи и не може да се дели колку тие што барат, туку толку колку што има.

„За да добијат граѓаните од овие дрвја, треба да поднесат барања со соодветна документација.  Тие барања ги разгледува комисија. Граѓаните кои ќе бидат прифатени ги добиваат до дома, ги носи трактор на ЈКП Дервен. Останува на нив само да ги исцепат.  Постапено е по сите барања. Може да се достават од 1,5 до 2 кубика. Не можеме да дадеме 10 кубика, толку се можностите“ - кажа градоначалникот Колев. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »