речник контакт

Дедо Мраз моторџија

Членовите на мото клубот „Спид ист“ од Велес израдуваа стотина дечиња од Велес.

Петар Печков

Членовите на мото клубот „Спид ист“ од Велес израдуваа стотина дечиња од Велес. Тие поделија толку новогодишни пактечиња на сиромашните деца, без родители и наслучајните минувачи во центарот на градот. Сите пакетчиња се обезбедени од нивни сопствени средства а во акцијата учествуваа педестина моторџии од Велес.

- Годинава за прв пат се собираме да ги израдуваме децата на кои им е потребно да ги почувстуваат новогодишните празници. Стотина пакетчиња подготивме за сирмоашните деца, без родители. Сакаме да покажеме дека сме хумани луѓе и ова е почеток на традиција која ќе трае и во наредните години. Убаво би било ова да го направат и други луѓе во градот, со минимална помош да доенсеме радост кај некои деца од градот - изјави Александар Караколев член на мото клубот „Спид ист“.

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »