речник контакт

Дедото на Тамара пукаше во екс министерот за здравство Тодоров (видео)

Испукани билe два куршуми информираа од МВР, Тодоров не е повреден

Петар Печков

Денеска  четврток, 1-ви  јуни,  околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од велешкото  село Долно Караслари, испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот. Ова е кратката информација која ја  соопштија од МВР.  

Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот.

Лицето кое пукало а го промашило екс министерот за здравство е дедо на Тамара.

Медиумите пренесуваат изјави на сведоци дека околу 12ч. лице облечено во црно му пришло на Тодоров, кој одел  во  Министерството на предавање на функцијата. По ова му вперил пиштол во глава но реагирало обезбедување на Тодоров.  Напаѓачот истрелала два куршуми кои завршиле во воздух, по што  бил совладан. 

Малата Тамара која почина на девет години од сколиоза. Девојчето почина пред две години, откако чекаше да добие одобрение за лекување во странство, што го вети тогашниот министер за здравство Тодоров.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »