речник контакт

Дел од Општина Чашка без струја, ќе останат подолго време

Кај село Дреново изгореа 11 бандери, населението без електрична енергија

Петар Печков

Големиот пожар  кој пред два дена, од четвртокот беснее на теренот околу селото Дреново,  изгорел 11 бандери за електрично напојување. Поради ова поголем  дел од Општина Чашка е без струја,  инфомираа од ЕВН.  

Поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, планинарски дом Чеплес, сите корисници на општина Чашка- Велес ќе останат без напојување подолг период. Екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на санирање на 11 изгорени столбови и опрема кои се зафатени од огнената стихија, а помагаат и во гаснење на пожарот- информираат од „ЕВН“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »