речник контакт

Дел од граѓаните кои бараат легализација на дивоградбите, одбиваат да ги платат пресметките

Во Општина Велес имало околу 200 вакви предмети

Петар Печков

Граѓаните бараат да им се легализираат дивоградбите, но дел од нив  одбегнуваат да ги платат давачките. Со ваков проблем се судруваат локалните власти и во Велес и во Кавадарци.  

„Граѓаните поднеле барање за легализирање на диво изградени објекти  и тоа по правило се предмети стари по 12-13 години. И кога ќе дојде време постапката да се приврши, тие не плаќаат, ги нема, не одговараат на обврската. И затоа се противам толку стари предмети да се легализираат и нема да гласам“ - кажа   Марјан Николов, член на Советот на Општина Велес.

Судрувајќи се со ваков проблем, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев поднел барање до Собранието на Република Македонија, за автентично толкување, како да се постапува во вакви случаи. Администрацијата на Општина Велес се судрува со околу 200 вакви предмети.  

„И Општина Велес се судрува со ист проблем, но тоа е пропуст на законодавецот. Има измена во Законот, со која рокот за плаќање е укинат. Странката  ја зема  од кај нас или ја добива по  пошта пресметката, но рок на плаќање нема. Чекаме граѓаните да платат, но тие од за нас непозната причина не сакаат да платат. А бараат легализација, сами поднеле документи, имаат ургенции побрзо да се легализира, а кога ќе дојде време да се плати, не се плаќа.  Немаме законска можност како да ги обврземе да платат иако се и телефонски контактирани“ - кажа Магдалена Спасева, раководител нa сектор во Општина Велес.  

Општина Велес користела како интерен механизам, праќање на опомени и по три пати, со предупредување дека барањето за легализација  ќе им биде одбиено, но повратен одговор - плаќање на обврската немало.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »