речник контакт

Дела од ликовната колонија „Неготино 2020“ претставени во Ликовен салон Велес (фото)

Манифестацијата се преставува со триесетина дела изработени во различни ликовни техники

Петар Печков

Дела од ликовната колонија „Неготино 2020“  се претставени на изложбата, која денес на пладне беше отворена во Ликовниот салон во Велес, во рамките на манифестација „Културно лето2021“.

Со триесетина  дела изработени во различни техники, авторите се претставија пред велешката јавност.  Претставувањето на изложбата во Велес, за организаторот е голема поддршка за манифестацијата.  

„Создавањето на нови ликовни дела и поврзувањето на ликовните уметници од овој регион се едни од приоритетните задачи на оваа ликовна колонија. Со организацијата и реализацијата на оваа колонија, се збогатува збирката на ликовни дела во музејот, а секако се активира и ликовно- уметничкиот сегмент во општина Неготино. Уметничките дела се создадени по сопствен избор на учесниците, инспирирани од неготинското поднебје околу манастирот „Св. Ѓорѓи“ и во дворот на Музеј на град Неготино. Археолошките, етнолошките и историските артефакти дополнително ја предизвикаа нивната инспирација во создавањето на ликовните дела“ - кажа Драгица Чекоровска, директорка на Музејот од Неготино, организатор на манифестацијата. Учесници биле и аматери од Кавадарци и Неготино, кои подолг период се занимаваат со сликарство.

Творењето беше од домашни услови а материјалите беа обезбедени од страна на организаторот

Таа се организира и  реализира во дворот на Музеј на град Неготино и во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Ликовната колонија во Неготино  постои три години а дела од 2019-та лани беа претставени во Велес .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »