речник контакт

Делата од скулпторската колонија поставени на јавни површини низ градот (фото)

Шест скулптури од метал и камен се на локации во Младински парк, паркот кај Офицерски, пред НА-МА и во паркот кај Градскиот саат

Петар Печков

Дела од  шестмина автори, кои учествуваа и  работеа на првата скулпторска колонија  ,,Велес 2019,, од денес се на јавните површини на Велес. Авторите  твореа на старо железо и на камен, пред три месеци. 

Авторите  нивните дела ги  изработија  според содржините кои се во околината   - кажа   Илчо Стојановски,  технички координатор на скулпторската колонија. 

Скулптурата „Ангел“ изработен од отпадно железо од скулптор Весела Стаменова е поставена на тревна површина во Младинскиот парк, скулптурата „Балерина“ изработена од отпадно железо од скулпторот Павел Стаменов е поставена  на тревна површина во близина на зградата на поранешниот -Офицерски дом, скулптурата „Велешки гемиџии“ изработена од скулптурот Горан Стаменков е постаена на улица Благој Ѓорев на горниот дел од фонтаната покрај тротоарот, скулптурата „Поголемо од животот“ изработена од отпадно железо од скулпторот Никола Ненадиќ е поставена  на тревната површина во Младинскиот парк, пред објектот на Народен театар ЈКХ Џинот,,  и амфитеатарот , скулптурата „Блажена“ изработена од мермер од скулптор Илко Стојановски е пред објектот на поранешна НА-МА, скулптурата „Театарска игра“ изработена од мермер од скулптор Горан Ѓорев е во паркот  наспроти Градскиот саат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »