речник контакт

Делницата Велес - Лозово, црна точка на магистралата кон Штип

Не се преземан ништо за подобрување на овој дел од магистралата за Источна Македонија, додека бројот на жртвите се зголемува

Петар Печков

  Делницата Велес –Лозово од магистралниот пат кон Штип е црната точка во патниот сообраќај кон Источна Македонија. Овие 15-тина километри  ги полнат страниците на црната хроника.

Рамничарски дел, патот изгледа прав а има доста остри свиоци,  не се под соодветен агол, се вози брзо голема фреквенција на автомобили, се претекнува и ете можност за сообраќајки.  Треба да биде поширок, потребна е трета лента на одделни делници – вели возач, кој често патува на оваа релација носејќи ученици до околните села.

Неприлагодена брзина, непочитување на сообраќајните знаци се причините за сообраќајките на оваа делница. Верижен суда со четири автомобили, деветмина повредени звчера, лани во ноември на истото место сообраќајка со тројца починати.   Претходно матурантот Роберт Николовски од Велес, враќајќи се од забава од Лозово почина при судир со камион. Жителите на Лозово се жалат дека низ селото се вози брзо и ставуваат за животите на нивните деца и блиски.

Како да се  трки, толку брзо се вози кога минуваат низ селото. Згора на тоа навечер доаѓаат на забава тука, ќе се напијат и потоа ете белја. Колку несреќи имало заради тој алкохол. Но треба да се знае дека не се обезбедени ниту железничките премини – вели жител на Лозово.

На делницата од Велес  до станицата Овче Поле, возот минува на три премина, на кој има само Андријин крст со кој на возачите им се најавува дека треба да сопрат и внимаваат, но тоа во пракса не се случува. Иако возовите на тие премини запираат, моторовозачите велат автомобилите пред нос минуваат.

Во есен, во време на гроздоберот  патот Велес – Штип е критично д асе вози. Посебно угорнината после Велес т.тн Штипско џаде. Тогаш се пренесува  грозјето, а ширата од камионите се слева по коловозот. Тогаш дежураат екипи на ЈП Македонија пат а тешките камиони и автобусите мака мачат да го искачат  патот.

Како да сме среде зима, го посипуваме патот со ризла, го переме со цистерни. Имаме повеќе екипи кои деноноќно дежураат два месеци. Состојбата е сериозна а безбедноста е нарушена и со големи напори ја одржуваме – велат од ЈП Македонија пат и велат дека од кранот на август ќе започнат повторно овие маки, со бербата на грозјето

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »