речник контакт

Делумна забрана за движење низ македонските шуми

Важењето е еден месец започнува а од 15 јули

Петар Печков

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со ЈП „Македонски шуми“, воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена.

Делумната забрана важи за периодот од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година.

Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се Националните паркови, Парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.

Одлуката исто така не важи и за организирана група на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови и  Парк шумите. Но, туристичката тура ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, Националните паркови и Парк шумите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »