речник контакт

Ден без автомобили, 22 септември

Пеш до Манастир, основци средношколци и пензионерки

Петар Печков

22 септември е Ден без автомобили, кој се организира во рамките на Европската недела на мобилност  под мотото „Нашите улици, наш избор“. Повеќе стотина ученици, основци и средношколци,  пензионерки дадоа свој придонес во подигањето на свеста за овој ден. Движејќи се пеш по улица Димко Најдов од Стар мост до манастирот Св. Димитрија и назад  испратија порака дека со начинот на движење можат активно да придонесат во подобрување на квалитетот на живеење, намалување на урбаното загадување и за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух..

На овој начин испраќаме порака до граѓаните за порационално користење на автомобилите, за поздрав начин на живеење се со цел здрава животна средина, помалку издувни гасови и заштеда на Буџет – изјави  Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес која го организираше овој настан. 

Локалната власт како можност за пешачење на граѓаните и  нуди пешачка аптека во Градскиот парк, користење на атлетската патека за трчање, патеката на Езеро Младост, но велат дека потребно е повеќе. Што се однесува до јавниот превоз,  кој може да го намали користењето на автомобилите, неговата фреквенција велат од општината зависи од користењето на  граѓаните.

Пешачете, живејте здраво. Прекрасно е кога ќе се види колку граѓани наутро трчаат,превентивно за своето здравје. Така се намалуваат маснотиите, превентивно делуваат за своето здравје,    влијае на циркулацијата. Дневно е потребно да се пешачи околу 10 км. Мора секој граѓанин да вложи во своето здравје, половина час на ден, секој може да  одвои – изјави д-р Лили Чолакова Дервишова  претседател на Здружението на приватни доктори на Македонија. 

Во денешната активност се вклучија и велешките пензионерки, кој изодеа од Стар мост до манастирот и назад. За нив ова не беше проблем и покрај годините.

Пешачењето е  основа за здраво живеење. Иако сме повозрасни и  порачуваме на младите дека треба  да  се движат, да спортуваат. Јас сум една од тие што наутро пешачи, секој ден по 7  километри, други одат  на Стадион. Горда сум што учествува, иако утрово ја изодев секојдневната патека – рече Неделка   Георгиева, која иако има 79 години, активно  се занимава со пешачање.

Јас не  пешачам само денес, од сабајле ова ми е втора тура. Прво изодев 3-4  км, отидов дома, појадов и еве сега сум тука да дадам поддршка.  Пешачам заради моето здравје. Чим пешачиш добиваш енергија, и сама се чувствувам подобро  за овој период откако од почетокот на месецов се бавам со оваа активност, не се задишувам,   не се уморувам. Гледам многу жени кои како мене го прават ова секој ден –  вели Ленче Петкова, пензионерка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »