речник контакт

Ден за ден, се одлага почетокот на расчистувањето на изгорената дрвна маса околу езеро Младост

Површините три дена ги чистеа војската и комуналците на ЈКП Дервен

Петар Печков

Откако во понеделникот најави дека од следниот ден, вторник ќе започне чистењето на просторот околу езеро Младост, каде изгореа 200 хектари со црн бор, денес директорката на ШС ,,Бабуна од Велес, Љубинка Попова со нова најава, дека ќе започнат со работа од следната седмица. Денес за државната новинска агенција МИА, почетокот на работата, на расчитувањето го најави да започне од понеделник. 

Изминатиот  понеделник кога претседателот Пендаровски  ја засади првата садница со јапонски кедар, теренот три дена  го чистеа армијата и вработените од ЈКП Дервен, никаде ги немаше вработени од ШС ,,Бабуна,,.  На прашањето каде се Попова,  оптимистички најави дека ќе работат, од следниот ден. 

Работата ќе биде макотрпна и долготрајна и до пролетта но мора да го обновиме овој терен. Денес се наоѓаат на пожариштето кај Ораовец, од утре (вторник) ќе бидеме секој ден тука - рече Попова. 

На прашањето каде ќе завршат овие дрва, директорката кажа деказа тоа  Советот на Општина ќе донел одлука.

Најчесто завршуваат кај социјални случаи -рече Попова. 

За потсетување, пред еден месец, кога таму, на изгорената површина на езеро Младост, беше премиерот Заев, на поставеното прашање дали и како може да се употребат изгорените дрвја, Попова објасни дека тие не се ниту за горење ниту за граѓа. 

Од локалната власт пак изјавија дека дрвата припаѓаат на терен на ШС ,,Бабуна, и писмено ќе побараат да се изјаснат што ќе прават со изгорените дрвја  и дали и за што може да се користат ако решат да ги отстапат

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »