речник контакт

Денес во велешко 47 нови случаи на позитивни со ковид-19, оздравени се 36 лица

Активни се 750 случаи, во велешка Болница се 59 пациенти

Петар Печков

Центарот за јавно здравје од Велес денес регистрираше  нови 47  лица од велешко, позитивни  на ковид-19 или досега имало  вкупно 1952 случаи. Како оздравени се водат 36 пациенти или   досега вкупно 1127. Активни  се 750 случаи,  во велешка Болница се  68, седум во приватни клиники во Скопје и 675 на домашно лекување. 

Во велешката Болница хоспитализирани вкупно 59 пациенти од кои 50 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум  со негативни тестови, но со здравствени проблеми, 25 пациенти се на кислородна поддршка.

Денес биле испишани пет пациенти како оздравени со два последователни негативни теста. На Инфективно одделение има  43 пациенти, на Физикално 11 и на  Интерно пет. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »