речник контакт

Денес вакцинирани и ревакцинирани 388 велешани

На теренска вакцинација аплицирани 52 вакцини, утре продолжува во Мамутчево и Иванковци

Петар Печков

Денес во Велес голем  интерес  за вакцинација и ревакцинација. Дури 388 лица примиле вакцина за заштита од ковид-19. Сите тие вакцината „Синовак“ или „АстраЗенека“ ја примија во вакциналниот пункт во Здравствен дом.

Тој во спортската сала на училиште Коле Неделкоски“ нема да прима пациенти до четврток а петок ќе работи од 8 до 13 ч.  

Во Велес продолжува теренската вакцинација во селата Отовица, Кумарино и Сујаклари.  Таму се аплицирани 2 вакцини, од нив  29 во Сујаклари,  12 во Кумарино и 11 во Отовица. 

Утре теренска вакцинација продолжува во селат Мамутчево и Иванковци.  Денес по дома беа вакцинирани 17 велешани, кои се болни, неподвижни, немоќни или лица со попреченост. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »