Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јануари 2022
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани повеќе оздравени отколку ново заразени со вкоид19, во велешко. Од министерството за здравство соопштија дека бројот на оздравени е 92, додека на нови случаи со квоид-19 е 54. . Или бројот на активни случаи падна на 421.
Вкупно хоспитализирани во двете ковид одделенија од велешка Болница се 70 пациенти, на Инфективно 59 и на Интерно 11. Потврдено позитивни се 58, непотврден еден и негативни се осуммина, но со потреба од болничка нега. Ново примени се четворица пациенти, а еден е испишан со еден негативен тест. Слободни кревети на Инфективно имало четири.
Згрижени освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и околината.
Tweet |