речник контакт

Денес гласаа лицата со ковид-19 и во самоизолација

Во Велес и Лозово гласаа десет лица за вонредните парламентарни избори

Петар Печков

Започна гласањето за вонредните парламентари избори. Денес понеделник гласaа лицата кои се позитивни на кoвид-19 или се во самоизолација.

Во велешко во две Општински изборни комисии - Велeс и Лозово се одржа гласањето наменето за овие лица.

Во Велес гласаа седум колку што се и пријавиле додека во Лозово гласале три лица, исто толку се пријавиле. 

Ова гласање го спроведоа посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии. 

Утре вторник гласат болните и изнемоштените.  Во четирите ОИК има одобрено за гласање 314 лица,  134 во ОИК Велес,  49 во ОИК Градско, 32 во ОИК Лозово и 99 во ОИК Чашка.

Досега во Македонија се одржани четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Годинашниве се петти а редовен термин за одржување беше при крајот на годинава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »