речник контакт

Денес дури 85 лица се оздравени а ново заразени со ковид-19 се 24

Активни случаи во поширокиот велешки регион има 743 лица, во Болница хоспитализирани се 76 пациенти. Вчера вечерта е почината пациентка од Свети Николе на 56 годишна возраст

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани 85  оздравени, најмногу досега а ново заразени  со ковид-19 се  24 лица. Ова е информацијата од Центарот за јавно здравје Велес. Активни случаи во поширокиот велешки регион има 743 лица,  од нив 67 се во велешката Болница, шест во приватна клиника и 670 на домашно лекување. Досега во велешко има регистрирано 1.786 случаи со корона вирус а оздравени се  984  а починати се 59 пациенти.

Во велешката Болница хоспитализирани се вкупно 76 пациенти од кои 64 потврдени позитивни, пет сомнителни и седум со негативни тестови, но со симптоми на заразата, 27 пациенти се на кислородна поддршка.

Вчера вечерта  е почината пациентка од Свети Николе на 56 годишна возраст потврдена позитивна. Утринава една пациентка на 73 години од Велес, потврдена позитивна префрлена на клиника за Нефрологија поради влошена бубрежна болест. На Инфективно одделение се  49 пациенти, на Физикално 16 и на Интерно 11.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »