речник контакт

Денес нови десет случаи со ковид-19 во велешко, тројца се оздравени

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, денес претпладне е ист како вчера - 23 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 10 случаи на ново заразени со ковид-19  а оздравени се тројца пациенти. Со ова бројот на активни случи порасна на  137 лица. Нема починато лице од велешко.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, денес претпладне е ист како вчера - 23 пациенти. Примен е еден пациент, испишан е исто така  еден со еден негативен тест.  

„На Инфективното одделение има 13 пациенти кои се позитивни, непотврдени има девет  и еден е негативен, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 16 а на Интерно одделение седум пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »