речник контакт

Денес оздравени дури 62 пациенти од велешко, позитивни на ковид-19

Ново заразени се четири лица а во Болница почина еден пациент со корона вирус

Петар Печков

Рекордни 62 пациенти од велешко, позитивни на корона вирусот  се оздравени изминатото деноноќие објави Министерството за здравство.  Денес недела, во велешко  регистрирани се четири  нови случаи на заразени со ковид-19. Со ова бројката на активни случаи падна на 257  а досега се имаат заразено 3.010  лица.

Досега во велешко почина 102 пациенти, поради проблеми со ковид заразата.  

Изминатото деноноќие починат е еден пациент на 73 годишна возраст, позитивен на ковид-19, од село  Горобинци - Свети Николе, завчера  донесен  на Инфективно одделение.
.
Во велешка Болница се хоспитализирани 25 пациент, од кои 21 се потврдени позитивни,двајца  сомнителен и двајца  пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум  пациенти На Инфективно одделение се   24 а на Интерно еден  пациент.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »