речник контакт

Денес сабота, во велешко 14 нови случаи на ковид заразени и петмина оздравени

Активни случаи се 269, во велешка Болница се хоспитализирани 24 пациенти, сите се потврдено позитивни

Петар Печков

Како и вчера, така и денес во велешко има регистрирано 14  ново заразени од ковид-19 а оздравени се  пет, соопшти  Министерството за здравство  денес сабота. Со ова бројката на активни случаи се 269 а досега се имаат заразено 3.097  лица.

Досега во велешко има 102 починати од последици на корона вирусот.

Во велешка Болница се хоспитализирани 24 пациенти, сите  се потврдено позитивни. На Инфективно одделение се  22 а на Интерно двајца  пациенти. На кислородна поддршка се седум  пациенти.  Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест.

фото Градскиот саат Викторија Божинова

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »