Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 април 2025
По повод 15 април Денот на Командата за обука и доктрина (КОД), чие седиште е во велешатка касарна на АРМ „Алексо Демниевски Бауман“, припадниците на армијата ја покажаа ниванта хуманост. Традиционално се реализираше хуманитарна акција од донација на пакети со прехрамбени производи, кои ги собраа припадниците на армијата, војниците, старешините и граѓанските лциа во сжуба во Велес. Тие беа предадени на волонтерите на Црвен крст а истите во текот на наредните доневи ќе се поделат на лица и семејства кои живеат во социјален ризик во општината.
Се одржа традиционалната крводарителска акција по повод Денот на КОД. На истата се даруваа 31 крвна единица. Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата. Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ годинава ќе се одржи уште една дарителска акција на крв, на есен. За реализација на акцијата заеднички се погрижија Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за транфузиона медицина.
Tweet |