речник контакт

Депонијата со згура и натаму е опасна по живот

Со нова акција, како и пред повеќе години се актуализира проблемот со депонијата со згура

Петар Печков

Знаме „Опасно по живот“ е поставено на ридот зад велешката „Топилница“. Тоа е дело на   грип велешани како   еко  акција. Потсетуваат дека пред повеќе  години тука се фотографираа екологисти го голите задници со цел да  ја подигнат свеста и побараат решавање на проблемот со ридот со троската. Слична им била целта и овој пат.  

Иако троската доби концесионер пред четири месеци, се уште нема конкретни активности на посочената локација. Ова е резултат на три децениската работа на Топилницата. Овој рид за екологистите и стручните лица, беше извор на загадување на градот и покрај неработењето на Топилницата, оти во него има тешки метали, кои се штетни по здравјето. Депонијата со згура близу Велес е една од црните еколошки точки во Македонија  –велат поставувачите на знамето, активисти од Велес. 

Според стручните проценки депонијата  е тешка 1,7 милиони тони, и во неа има 8 отсто цинк, еден отсто олово, како и кадмиум, што овозможува економска експлоатација, Целта на акцијата е да се апелира да се отстранат штетните влијанија од депонијата со згура, која со години им создава здравствени проблеми на жителите на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »