речник контакт

Дербито на Првата ракометна лига Б група во Радовиш, за РК Бисинов

Пораз за МРК Борец. Одбојкарите го започнаa првенството со пораз во Штип, уште еден пораз за КК Борец Баскет. Победа и пораз за пингпонгарите на ППК Борец ТИМ

Петар Печков

Започна  одбојкарското првенство  на Првата лига на Македонија. Рекомпонираниот тим на велешки ОК Борец загуби со максимални 0:3 на гостувањето во Штип од екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев. Велешани од составот пролетва кој играше во финалето за шампионска титула и за Купот, нема ниту еден одбојкар од првaтa екипа, настапуваат осетно подмладени, со едно засилување Кубанец.  Следното коло дома во Велес гостува екипата на ОК Лирија.

Во Радовиш, се одигра  дербито на есенската полуетапа во Првата ракометна лига „група „Б“. Играа двата првопласирани екипи РК Радовиш и РК Бисинов, кои беа непоразени. Велешани го добија натпреварот со  32:35 (18:17). домаќинот имале водство до 50 минута 29:27 за да за неколку минути велешани израмнат и поведат со 30.31 (54 мин.) Ивица Илиев постигна 15 года на натпреварот.  Со оваа победа сега РК Бисинов е  сам лидер на табелата.  Во групата „А“ на Првата ракометна лига,  МРК Борец дома загуби од екипата на РК Шампион со 14:37 (5:21). Така по шест кола МРК Борец е последен без освоен бод а во следното коло гостува во Гостивар на екипата на РК Јехона.

Победа и пораз во второто и третото коло од Првата лига за пингпонгарите на ППК Борец Тим одиграни во СЦ Јане Сандански во Скопје. Голема победа во рамките на второто коло од првата лига на Македонија. Против ППК “Кочани”, победа со резултат 4:3.  Капитенот Вили Ангелов кој оствари две победи поединечно, засилувањето Филип Терзиовски една победа и тоа  со 3:2. Така натпреварот го реши играта во парови каде што мечот заврши исто така со резултат 3:2 за ППК “Борец-Тим” во крајно изедначен натпревар.  Во натпреварот од третото коло одигран истиот ден, пингпонгарите на ППК “Борец- Тим” доживеаја пораз од ППК “Радовиш” со резултат 4:2. По една победа за ППК “Борец- Тим” остварија Вили Ангелов и Филип Терзиовски.  Следниот викенд дури четири натпревари за ППК Борец Тим, за  два дена.  Следниот викенд пингпонгарите на ППК “Борец-Тим” - Велес, кој е 4-ти до две победи, ги очекуваат четири натпревари. Во сабота со ППК “Телеком-Нец” од Скопје - последно пласиран,  и со ППК “Прилеп” кој како и велешани имаат две победи. Во недела игра со ППК “Рисови” од Скопје, исто така со две победи  а веднаш потоа противник е ППК “Берово 2” од Берово, кој има една победа. Првата лига брои 10 екипи.

Се одигра третото коло од Втората кошаркарска лига, во кое екипата на КК Борец баскет забележаа пораз во Скопје од екипата на КК Ангели со 81:65. По три коло велешани се во групата екипи со по 4 бода. Во следното во Велес гостува лидерот КК Водно санс со три победи од три натпревари. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »