речник контакт

Дербито на Третата лига Југ, во Росоман за ФК Превалец

Во втората футсал лига, КМФ Кеги моби на пат за враќање во Прва лига

Петар Печков

Во дербито на Третата фудбалска лига Југ, во Росоман играа првопласираната екипа на домаќинот ФК Росоман и второ плисираната екипа на ФК Превалец. Превалчани подобри и со 0:2 (0:1)  славеа на „жешкиот“ терен  во гости и сега се сами на врвот со пет победи од пет натпревари, додека ФК Росоман остана на 13 бодови. Во следното коло в недела играат со екипата на ФК Питу Гули од Крушево, која е петта со три  победи.    

Во заостанат натпревар од 16-тото коло на Втората футсал лига, ФК Кеги Моби дома победи со 4:2 против екипата на КМФ Конзули од Битола. По првите 20 минути победникот беше решен со високото водство на домаќините од 4:0, па во второто полувреме со половина сили велешани ги прокнижија трите  бода за прво место.  Тие имаат 37 бода  а втора е екипата на КМФ Форца со 36. В недела во следното коло,  КМФ Кеги моби патува во Тетово игра против екипата на  СЕЕУ и  бара бодови за зацврстување на првата позиција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »