речник контакт

Дербито на Третата лига Центар, ФК Росоман и ФК Превалец без победник

Конечно победи и ФК Локомотива од Градско, ФК Илинден БС загуби. Пораз и за футсал екипата на КМФ Велес и ракометарите на РК Борец.

Петар Печков

Во дерби натпреварот на екипите од врвот на Третата лига Центар,  ФК Росоман и ФК Превалец  заврши нерешено 1:1. Така и по ова шесто коло, тие се на делба на првото место со по  16 бода а превалчани се втори поради послабата гол разлика. ФК Локомотива во Градско конечно ја забележа првата победа. Ја победи седмо пласираната екипа на ФК Обршани со 1:0 и со четири бода скокна за едно место на табелата на 12-тото. ФК Илинден БС гостуваше во Неготино кај ФК Вардар, трето пласиран и загуби со 4:1, па паднаа на 9-тото место со 8 бодови.  Во следното седмо коло ново дерби ФК Превалец го пречекува трето пласираниот ФК Вардар од Неготино, кој има бод помалку. Во Башино село ФК Илинден игра со ФК напредок од Кривогаштани кој е петти со 11 бода, додека ФК Локомотива гостува на ФК Ново Црнилиште во Црнилиште кој е чести со 9 бодови. 

 Во Првата футсал лига екипата на КМФ Велес во второто коло загуби дома со убедливи 2:6 од екипата на КМФ Карадаку од Липково. Очигледно дека  подмладениот состав на поранешниот освојувач на првенството и Купот,  ќе се бори за опстанок оваа година. 

Во Првата ракометна лига, група 2, дома екипата на РК Борец загуби од РК Младост од Богданци со 22:36 (11:19). По три кола младата велешка екипа е последна осма без бодови. Во следното коло гостува во Кавадарци на РК Тиквеш 2014 кој досега има три победи и го дели првото место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »