речник контакт

Дервен засади 380 садници низ градот

Засадени се бор, бреза и врби

Петар Печков

Оваа недела вработените од РЕ     Паркови   и зеленило при ЈКП Дервен засадија 380 садници на повеќе локации во Велес.

Во Градскиот парк по должина на пешачката патека покрај реката Вардар засадени се 200 садници од бор, 80 брези и 40 врби.

На улица Индустриска, близу Брако засадени се 30 брези а на улица Благој Ѓорев во населба Тунел исто така 30 брези.

 4 садници од врби се засадени на улица Костурска.

Од надлежните  бараат граѓаните да не ги  оштетуваат овие ново засадени дрвја, да ги чуваат и негуваат.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »