Петар Печков
Објавено: среда, 17 февруари 2010
Велешани за месец јануари добија сметки со повисоките цени за ѓубрарина иако тие од Уставниот суд се вратени на нивото од фебруари 2008-та. Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на општината од пред две години со која граѓаните и фирмите овој период плаќаа незаконски зголемена цена за собирање на комунален отпад. Од ЈКП Дервен, кое ја извршува оваа услуга и ги прибира парите, објаснуваат дека не станува збор за заборавност туку за грешка во системот.
- Им се извинуваме на граѓаните и потрошувачите за оваа не намерна грешка. Таа е направена во софтверскиот систем каде цената за оваа услуга не беше променета , но ќе биде исправена со фебруарските сметки. Тогаш грешката ќе биде корегирана и вишокот пресметан износ од јануари ќе биде минусиран од сметката за фебруари – велат од ЈКП Дервен. Со одлука на Уставниот суд , од јануари месец годинава ЈКП Дервен треба да направи корекција на висината на цената за услугата „Собирање и складирање на комунален смет ,, бидејќи таа била изгласана од Советот на Општина Велес по предлог на УО на ЈКП Дервен а не како што е законски по предлог на градоначалникот.
Сега физичките лица треба да плаќаат 1,25 наместо 1,5 денари за метар кубен а фирмите по 1,65 денар за метар кубен наместо досегашните 3,5 денари.
Tweet |