речник контакт

Десет години изгорената гаража грд спомен за соседите

Лоша слика и спомен за соседството но и минувачите а опасност по децата кои играат во близина

Петар Печков

Гаражата во која изгоре човек, пред 10 години се уште е во таква состојба, каква што беше критичната ноќ.  Црна, изгорена, уништена, грда слика за соседството но и минувачите кои секојдневно се во близина. Дел од станарите бараат или да се уреди или да се отстрани.

Гаражата која е времен објект, нема никаква функција. Изгорена од огнот, носи тажни, лоши сеќавања а сопственикот никако да ја среди. Многу е  нечиста, некаква болест ќе фати некој.  Затоа локалната власт треба да се погрижи да не создава лош амбиент – велат дел од засегнатите станари. Од Општина Велес објаснуваат дека тие реагираат   доколку на таа локација има изработен детален урбанистички план и таму е предвидено изградба на одреден објект, игралиште или нешто слично.

За посочената локација, односно гаражата која изгоре во пожар, потребно е да се видат сопственичките односи. Лицето кое ја користело гаражата ќе биде известено да ја отстрани во законскиот рок. Доколку тоа не се направи тогаш општинските служби ќе го направат истото, а трошоците ќе одат на сопственикот. Според нашите сознанија таа парцела е државно земјиште. Објектот евидентно е дека претставува неубава слика за тој дел од градот, а исто така и евентуална опасност – изјавија од Општина Велес.  

Во пожарот кој се случи на 3-ти март, 2007-та во посочената гаража, по подметнат оган  жив изгоре велешанец, од тогаш гаражата е во иста состојба.  Сопственикот на времениот објект Димитар Ставров рече дека гаражата ќе ја поправа.

 И јас сакам да ја уредам, но немам услови. Штом, ќе дојдам до можност, гаражата ќе биде поправена -  изјави Ставров.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »