речник контакт

Десет дена децата од Сливник не одат на училиште

Во една училница треба да учат 90 деца, заедно. Родителите велат ова е невозможна мисија

Петар Печков

Ниту по десетина дена од почетокот на учебнана година, учениците од велешкото село Сливник не влегоа во училишната зграда. Наставата не ја посетуваат околу 90-тина деца од прво до петто одделение, во единствената училница. Токму таа е проблемот кој ги револтираше родителите, да не дозволат нивните деца да одат на училиште.

Нека дојде министерот, градоначалникот и нека покажат со пример како 90 деца да посетуваат заедно настава, во една училница. Не може да се дише а не да се учи. Стоката во шталите има подобри услови, за жал а не нашите деца. Во кое време живееме. Јас на моите три деца не им дозволувам да посетуваат настава.  И колку се заинтересирани за проблемот зборува што единствено дојдоа претставниците  на ОБСЕ да не прашаат што се случува, другите не. Знам дека моите деца губат, но не може да посетуваат настава по цена на здравјето – вели  Џафер Јонузи претседателот на Совет на родители.

Минатата година родителите реагираа на истиот  просторен проблем,  и не ги пуштаат децата на училиште. По ветувањето на тогашниот заменик министер за образование Сафет Незири, дека од учебната 2014/5 година, учениците од  селото Сливник ќе добијат нова зграда, родителите ги пуштија децата на настава. За возврат добија и нов санитарен јазол. Сегашниот  бојкот  е револт поради неисполнетите ветувања од пред една година, дека ќе добијат нова зграда.

 Ова училиште е подрачно на  ОУ Васил Главинов од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »