речник контакт

Десет и шест и пол години затвор, за две убиства во обид (исправка)

Во два одвоени судски процеси, двајца велешани прогласени за виновни за делата убиство во обид

Петар Печков

Исправка. Поради ненамерна грешка за изречената казна затвор за обвинетиот Здравко Атанасов, се врши преправка на дел од текстот. Атанасов не е осуден на десет години затвор, како што беше објавено, туку на шест години и не е пуштен од притвор, туку останува до правосилноста на пресудата. Извинување кон Атанасов,  за ненамерната грешка.

Велешанецот  Здравко Атанасов (30 год) доби десет години затвор  за сторено кривично дело „Убиство во обид“. Тој е прогласен за виновен оти  на 12 август лани,  во ходник од станбена зграда на ул. „Васил Главинов“  во Велес, под дејство на алкохол со нож го прободел П.Н. (37 год) од Велес нанесувајќи му убодна рана во пределот под градниот кош. Пресудата не е правосилна а до правосилноста на пресудата Атанасов е пуштен од притвор.

Bелешанецот Живко Лазов (26  год) доби единствена казна  шест и пол години затвор за две кривични дела, убиство во обид и загрозување на сигурноста. Во Основниот суд Велес тој е прогласен за виновен  за делата кои ги сторил на 1-ви април лани, во дворот на свињарската фарма, по претходна вербална расправија, Лазов под дејство на алкохол со нож физички го нападнал М.Д.(28год ) од Велес, при што му нанел повреди во пределот на главата. Пресудата не е правосилна а Лазов и натаму е во домашен притвор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »