речник контакт

Десет компании кои најмногу заработуваат од војните

Глобалното производство на оружје и воени услуги го зголеми профитот на 100 најголеми компании кои имаат договори со разни армии за 411,1 милијарда долари во 2010 година

Петар Печков

Глобалното производство на оружје и воени услуги го зголеми профитот на 100 најголеми компании кои имаат договори со разни армии за 411,1 милијарда долари во 2010 година, откри Стокхолм Интернешнл Пис рисирч Интитут - СИПРИ. Овој пораст на профитот настана поради 10 годишниот тренд на зголемување на воените буџети.

Поточно вкупната продажба на оружје, кај 100 најголеми компании кои имаат договори со армиите, порасна за 60 отсто. Иако многу индустриски гранки страдаат од последиците од светската индустриска криза, легалните производители и продавачи на оружје воопшто не ја почувствуваа кризата.

Заработката и развојот на модерните производители на оружје ја рефлектира состојбата на теренот, т.е. зачестените војни кои во повеќето случаи се со воздушни напади, наместо поранешниот начин на војување во кој главно се користеа копнени трупи. Сите десет први најбогати компании кои работат за војската на САД, имаат исклучително силни сектори со модерна електроника.

Од 100 најсилни производители на оружје, 44 се наоѓаат во САД, открива СИПРИ, а во таа група спаѓаат: Боинг, Норторп Груман и Локид Мартин. Американските компании остваруваат над 60 отсто заработка од вкупната заработка на 100 производители на оружје. Седум компании во првите десет припаѓаат на Американците, на осмо место е една Британска, потоа Тајванска компанија и на 10 место се наоѓа еден ЕУ конгломерат. Владата во САД има ексклузивни договори со сите 10 компании на врвот на листата на производители на оружје.

24/7 Волстрит состави листа на најголеми компании кои произведуваат и продаваат оружје, врз основ на нивните годишни профити од 2007 до 2010 година.

Ова се десет компании кои најмногу заработуваат од војните:

На 10 место е: United Technologies (NYSE: UTX)
Профит од оружје во 2010: 11,41 милијарда долари
Вкупен профит во 2010: 54,33 милијарди долари
Вработени: 208,220
Сектор: Авијација, електроника, прецизна механика

На 9 место е: L-3 Communications (NYSE: LLL)

Профит од оружје во 2010: 13,07 милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 15,68 милијарди долари
Вработени: 63,000
Сектор: Електроника, воени услуги

На 8 место е: Finmeccanica

Профит од оружје во 2010: 14,14  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 24,46 милијарди долари
Вработени: 75,200
Сектор: Авијација, артилерија, проектили, воени возила, рачно оружје и муниција

На 7 место е: EADS
Профит од оружје во 2010: 16,36  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 60,60 милијарди долари
Вработени: 121,690
Сектор: Авијација, електроника, проектили, вселена

На 6 место е: Raytheon (NYSE: RTN)

Профит од оружје во 2010: 22,98  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 25,18 милијарди долари
Вработени: 72,400
Сектор: Електроника, проектили

На 5 место е: General Dynamics (NYSE: GD)
Профит од оружје во 2010: 23,94  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 32,47 милијарди долари
Вработени: 90,000
Сектор: Артилерија, електроника, воени возила, рачно оружје и муниција, воени бродови

На 4 место е: Northrop Grumman (NYSE: NOC)
Профит од оружје во 2010: 28,15  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 34,76 милијарди долари
Вработени: 117,100
Сектор: Авијација, електронка, проектили, воени бродови, вселена

На 3 место е: Boeing (NYSE: BA)
Профит од оружје во 2010: 31,36  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 64,31 милијарда долари
Вработени: 160,500
Сектор: Авијација, електроника, проектили, вселена

На 2 место е: BAE Systems
Профит од оружје во 2010: 32,88  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 34,61 милијарда долари
Вработени: 98,200
Сектор: Авијација, артилерија, електроника, проектили, воени возила, рачно оружје и муниција, бродови

На 1 место е: Lockheed Martin (NYSE: LMT)Профит од оружје во 2010: 35,73  милијарди долари
Вкупен профит во 2010: 45,80 милијарди долари
Вработени: 132,000
Сектор: Авијација, артилерија, електроника, проектили, вселена

Несомнено е дека овој тренд, за жал ќе се зголемува во иднина. Ист развој и зголемување на профитите предвидуваме и на големите производители и преработувачи на нафта и нафтени деривати. Сосема е разумно да се очекува дека овие две индустриски гранки ќе ја продолжат плодната и успешна соработка на незадоволството на сите до сега ослободени народи и целата светска популација која купува прескапи нафтени деривати.

текстот е преземен од matrixworld-hr.com - Загреб

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »