речник контакт

Десет месеци затвор за велешкиот оџа, оти превезуваше илегалци

По признание за вина се спогодил со обвинителството во Скопје

Петар Печков

Велешкиот актуелен оџа, Несим Демири (37 год) од село Кочилари  доби десет месеци затвор за делото  круимчарење на емигранти.  Тој беше прогласен за виновен  во Основен суд Скопје 1, по признание на вина. Пресудата е изречена минатата седмица, откако претходно Демири се  спогодил со обвинителството, дека ја признава вината по што му била изречена и висината на казната. Ова е во согласност со Новиот  Кривичен закон.

  Демири беше фатен на 10 декември, на автопатот Гевгелија - Куманово, во близина на тунелите кај Демир Капија,  како во неговиот автомобил марка мерцедес превезува четири сириски државјани. Од Основен суд Скопје еден додаваат дека веднаш по изрекувањето на казната, Демири заминал на нејзино отслужување во затворот Идризово.

Тој беше именуван за актуелен оџа во велешката Фазли Ахмет Паша Џамија на почетокот од месецов, откако неколку дена претходно се врати, по бегството во Германија, каде беше две години.  Откако беше уапсен за илегален превоз на емигранти, во јавноста излезе информација дека Демири се бавел и со надрилекарство, баење.  

Тој баел со амајлија, лекувал жени, деца а пациенти доаѓале  не само до Велес,  туку и до Западна Македонија и Косово.  Оваа информација ја потврди и Реисот на Исламската Верска заедница во Македонија Сулејман Реџепи.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »