речник контакт

Десет намирници кои го продолжуваат животот

Доколку водите сметка, се исхранувате здраво и го слушате вашето тело, ќе знаете кои намирници ви годат, а кои не. Пoгледнете кои се најефиканси!

Петар Печков

Домати

Ја намалуваат можноста за појава на рак за 40 проценти. Луѓето кои редовно го консумираат го намалуваат ризикот од срцев удар и загуба на помнењето.

Маслиново масло

Го намалува ризикот од повторен срцев удар кај луѓето кои веќе го имаат преживеано.

Црно грозје

Сокот од грозје има четири пати повеќе антиоксиданси од сокот од домати или портокали. Пијте го редовно, или уште подобро, консумирајте ги целите зрна на грозјето.

Лук

Лукот е познат како една од најздравите намирници со силни антиоксиданси во себе и се препорачува за зајакнување на имунитетот. Им помага на пациентите заболени од рак со тоа што го зголемува квалитетот на живот за време на траењето на болеста. Исто така, лукот го спречува настанувањето на срцев удар.

Спанаќ


Веднаш после лукот, втор по својата висока содржина на антиоксиданси е спанаќот. Неговата консумација се препорачува како превенција на деменцијата, како и во борбата против канцерот.

Житарки од цело зрно

Го намалуваат ризикот од прерана смрт и до 15 проценти.

Лосос и останатите масни риби

Содржат голема количина на омега 3 масни киселини, кои помагаат организмот да се избори со секаква хронична болест.

Јаткасти плодови

Го намалуваат ризикот од срцев удар кај жените за 40 проценти, а кај мажите ја регулираат работата на срцето.

Боровинки


Една рака боровинки на ден во голема мера го забавуваат процесот на стареење и промените на мозокот кои доведуваат до стареење.

Чај

Шолјата зелен или црн чај на ден го намалува ризикот од срцеви заболувања за 50 проценти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »