речник контакт

Десет нови случаи на позитивни на ковид-19 од велешко и едно починато лице

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 28 пациент, три помалку од вчера

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано 10   нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се пет, објавија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 163 лица. Од велешка Болница Има починато едно лице, маж на 77 годишна возраст од село Оморани, позитивно на ковид-19 и се лекувало на Инфективно одделение. Тоа е 275 смртен случај во велешко, од последиците на корона вирусот.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 28  пациент,  три помалку од    вчера.  Од нив 17 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврден нема  а   негативни се 11, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Изминатите 24 часа примено e и испишано како оздравено по  едно лице, На  континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »