речник контакт

Десетина деца од социјално ранливи категории, добија подарок училиштен прибор

Акцијата ја спроведеа волонтерите на ОО на Црвен крст Велес, средства донираа купувачите во книжарниците Ива 2003 и Унистар Принтшоп

Петар Печков

Десетина деца кои се ученици во основното образование, во прво  одделение добија училиштен материјал, подарок од Црвениот крст.

Акцијата се изведуваше на почетокот од учебната година во две книжарници во Велес, Ива 2003 и Унистар Принтшоп, каде купувачите донираа средства преку  поставени кутии за донација на училиштен прибор. Или пак донираа училиштен прибор.  

По спроведената акција од собраниот училиштен прибор се направиле десет комплета, кои беа подарени и ги израдуваа најмалите ученици од социјално загрозените семејства.

фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »