речник контакт

Десетина лица во Бузлково нападнале двајца жители на Горно Јаболчиште

При нападот одземен е автомобил „БМВ“

Петар Печков

Саботата вечер во Бузлаково група од десетина лица физички нападнале двајца  жители од Горно Јаболчиште. Во билтенот на МВР  не е прецизирано групата коај ги нападнала жителите на Јаболчиште, од каде се, со место на живеење.

„На 17-ти јули  околу 21 часот во СВР Велес било пријавено дека во Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од Горно Јаболчиште , при што им одзеле патничко возило „бмв 320“, во кое се превезувале оштетените“- соопштија МВР.

За настанот е известен е Јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »